На просторот каде до скоро се наоѓаше спортскиот полигон многу скоро ќе започне да се гради Конгресен центар. Како што информираат од Локаланта самоуправа Градоначалникот на Охрид Александар Петрески ова го издоговорил со менаџерите на А.Д. Гранит кој е сопственик на земјиштето.


Од локалната денес одбија да даваат детали околу проектот и не информираа дека оваа идеја охридскиот градоначалник заедно со еминентни професори ќе ја образложи во телевизиска емисија заедно со видни архитекти од Скопје кои ќе го елаборираат проектот.

Љ. Таневски