Општина Охрид ќе аплицира со проекти за заштита на животната средина , туризмот и одржливиот развој на Дримскиот басен, информираат од локалната самоуправа по денес одржаната средба на заменик градоначалникот Ангел Јанев со Рио Фуџикура од Јапонија, член на Одборот на директори на Регионалниот центар за животна средина ( РЕЦ) од Унгарија, Катерина Георгиевска, директор на канцеларијата во Република Македонија и Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
На средбата, гостите од Регионалниот центар за животна средина со седиште во Унгарија беа информирани и за други проекти, како што е проектот за реконструкција и доградба на колекторскиот систем во кој е вклучена и Јапонската агенција за меѓународна соработка.
OhridNews