Стручен тим на локалната самоуправа изготви сет мерки за заштита на општествениот и личниот имот на граѓаните од надојденото езеро, кои биле доставени до Координативното тело за справување со елементарни непогоди.

Меѓу другото се предвидува да се изгради атмосферска канализација на  улицата „Абас Емин“, и по течението на реките Грашница и Далјан во населените подрачја кои беа зафатени со поплави во декември 2009 и минатиот месец.

Со мерките се предвидува пумпите од колекторот и пумпните станици кои се преоптоварени од високиот водостојот и оштетени од зголемениот обем на работа да се заменат со нови. Исто така се предвидува и заштита на цевоводот и пумпните станици од Елешец до Метропол, со поставување на тампон во ширина од 3-5 метри за да се заштитат од брановите.

Сетот мерки предвидува и заштита со вреќи со песок на пумпите кај масноста Грдано, Потпеш и Канео, како и на пумпната станица во населбата Далјан. Се предвидува и чистење на речното корито на реките Далјан и Грашница.

Локаланата самоуправа добила известување од Министерството за транспорт и врски од денеска со механизација да започне со заштита на колекторскиот систем од Пештани до Метропол.

По обилните врнежи од дожд и снег изминатите денови, нивото на Охридското Езеро бележи пораст и сега се
наоѓа на 694 метри надморска височина, односно +25 сантиметри над
максималната граница.

И покрај покачувањето на нивото на
Охридското Езеро, од Координативното тело за справување со последиците
од елемантарни непогоди велат дека состојбата е стабилна и под
контрола. Водостојот на реките во сливот на Охридското Езеро е
непроменет, а на критичните места екипи на Дирекцијата за заштита и
спасување и Македонија пат преземаат мерки за заштита на населбите и
инфраструктурата.

Во Охрид на повеќе локации во централното
градско подрачје превентивно се поставени 10 000 вреќи со песок, а
покрај оштетениот регионален пат Охрид – Св. Наум кај Пештани во
езерото се поставени крупни камења за разбивање на бранови. Неколку
илјади вреќи со песок се поставени и во струшките села Калишта и
Радожда, додека на критичните делови на регионалниот пат Струга – Дебар
се гради петметарски насип во должина од 360 метри кој треба да спречи
натамошно излевање на реката Црн Дрим на коловозот.

OhridNews