Општинската администрација е на продолжен одмор до Божиќ. И покрај тоа што деновите од втори до петти јануари се работни, локалната самоуправа ги спои новогодишните и Божиќните празници.

„Еден дел од администрацијата ќе работи, оние кои се задолжени за тековни работи кои не трпат, а на еден дел кој што цениме дека може да користи дел од годишниот одмор или не искористен од 2007 година, ќе му дадеме неколку дена одмор со што ќе заштедиме  нешто и во трошоците за одржување на просториите и мислам дека нема да трпат граѓаните во овие неколку дена неработење на администрацијата“, ни изјави Димитрија Вревезоски, координатор на локалната администрација.


општината ќе штеди со празничен одмор-Вревезоски во друштво на Петрески

Општина Охрид и минатата година ги спои новогодишните и Божиќните празници.

ohridnews