Локалната самоуправа со допис до медиумите денеска ги демантираше, како што стои во соопштението, некоректните изјави изнесени во предизборната кампања:

-И покрај нашите заложби, во секој поглед, да останеме надвор од Изборната кампања, одредени политички партии, односно одредени нивни претставници, со своите некоректни изјави, никако тоа не ни го дозволуваат. Во недостаток на конструктивни идеи, кандидатот на Политичката партија ВМРО – ДПМНЕ за пратеник во Петтата изборна единица, г. Цветко Грозданов, на една од неговите чести Прес –  конференции ја обвини Локалната самоуправа дека го користи својот возен парк во политички цели, со образложение дека биле забележани општински автомобили по улиците на Охрид и по завршувањето на работното време, стои во соопштението.

– Ваквата изјава на г-нот Грозданов во целост ја отфрламе и напоменуваме дека и во овој изборен период, но и во изминатите три години од мандатот на оваа Локална власт, сосема е нормално и природно на улиците да се забележат општински автомобили и по 16:30 часот, бидејќи нашето работно време не завршува по бирократски терк, со отчукување на часовникот, туку тогаш кога навистина ќе биде завршена работната обврска. И токму таквиот приод кон работите ја овозможи успешната реализација на бројните инфраструктурни, комунални, образовни  и други проекти во Охрид, се вели во соопштението, потпишано од градоначалникот на Охрид, Алексанар Петрески.

ohridnews