Предлог одлука за поништување на постапката по огласот за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување на општина Охрид, ќе биде на дневен ред на 39- та седница на советот што ќе се одржи на 29- ти април, среда.

Советниците ќе расправаат и за предлог одлуките за усвојување на програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година, усвојување на измените и дополнувањата на развојната програма за изработка на урбанистички планови 2015 – 2017 година, извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот,  локалниот економски развој како и за неколку решенија од областа на урбанизмот.

OhridNews