Локалната самоуправа бара од охридските угостители финансиски да ја помогнат организацијата на Нова година. На денешната средба помеѓу претствници на локалната самоуправа и угостителите се одзваа малкумина сопственици на угостителски објекти. На средбата општината побарала од угостителите во рамки на своите можности да ја помогнат организацијата на Нова година како заеднички интерес.
Локалната има буџет од 3-5000 евра за организација на Нова година и дополнителни средства за украсување, ни изјави Сашо Алче одговорен за организација на дочекот на Нова година во Охрид. Се надеваме дека угостителите ќе ни излезат во пресрет и и дека оваа Нова година ќе ја дочекаме во подобар амбиент од минатогодишниот, рече Алче.
Тој соопшти дека украсувањето на градот веќе започнало. Се поставуваат реквизитите од минатата година, а веќе е осмислен и новиот изглед на плоштадот, рече Алче. Тој информираше дека сеуште се преговара со музичките ѕвезди околу настап на градскиот плоштад во Охрид за најлудата ноќ. Тој соопшти дека до 16 декември ќе се знае кој ќе пее во Охрид. Во Охрид е престиж да се пее , но ќе видиме кој ќе настапи, се преговара со повеќе музички имиња, рече Алче.
Угостителите и изразија подршка на локалната саомоуправа и најавија дека ќе ја помогнат организацијата на дочекот на Нова година.
Сите ќе донираме одредени средства и ќе направиме напор во Охрид да доведеме познато музичко име за Нова година, ни изјави Павел Карајлиев-Патка. Тој истакна дека денеска остварил контакт до Калиопи која за Нова година ќе пее во „Дак“ и таа се согласила одрдено време на настапи на гласвниот плоштад пред охриѓани и бројните гости.
Сега останува да се договорат и други музички имиња кои ќе ја надополнат понудата на Охрид.
До најлудата ноќ останува многу кратко време, а голем дел од организациските работи се отворени, но локалната самоуправа уверува дека не доцни и дека Охрид и оваа година ќе биде најубавиот туристички центар на Балканот.
Г.М.