Наместо да чека да бидат затворени нефункционалните спортски сали во училиштата, Министарството за образование треба да инвестира во изградба на капитални школски објекти, што е и нејзина обврска, смета охридската локална самоуправа.

– Треба да се потсети  дека Министерството за образование  сеуште не ги  реализира ветувањата дадени во кампањата за локалните избори. За собирање гласови  ветија дека ќе изградат спортски сали во Средните училишта ЕМУЦ “Св. Наум Охридски“,Средното угостителско училиште “Ванчо Питошески“ и Основното училиште “Кочо Рацин“, велат од локалната самоуправа. 

Острата реакција на општина Охрид доаѓа по информацијата дека  Санитарната инспекција ја затворила спортската сала во подрачното основно училиште во селото Косел. Општината ја оспорува информацијата, бидејќи салата била дел од поранешниот Задружен дом и ја користела Месната заедница, а не подрачното училиште.

OhridNews