По повод демантот на УМС на ВМРО ДПМНЕ – Охрид, а во врска со флаерите кои оваа организација ги делеше на празникот Водици, со реакција се јави службата за односи со јавност при локалната самоуправа:

„Заслужува секаква честитка доблесноста на младите сограѓани – членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид  што се огласија денеска во јавноста.

Крај таквата честитка за нивната доблесност  што  почувствуваа потреба да ОБЈАСНАТ и да се ОПРАВДААТ за својот потег направен на празникот Богојавление, само мала корекција: Тие не демантираат, туку даваат ДОЛЖНО ОПРАВДУВАЊЕ!
Мора да се признае, и тоа е напредок во политичката култура и вреднувањето на поимите:  ПРАЗНУВАЊЕ и ПАРТИСКА  активност“, се вели во соопштението за јавност потпишано од портпаролот на општината, Никола Маневски.

Ohridnews