Собранието на британската покраина Хемпшир поставило осум крави на спортското игралиште, со цел да ги сопре моторџиите кои доаѓале таму и го уништувале игралиштето. Но, сега се појавил нов проблем, како ќе играат спортистите меѓу кравите. Претседателот на спортскиот клуб, пак вели дека кравите не го решаваат проблемот туку го прават поголем бидејќи не може да се игра фудбал меѓу говедата.
Локалното население е загрижено бидејќи дивеењето со моторите зема се поголем замав. Кравите се чини дека ќе останат на терено се додека заедницата не најде трајно решение за проблемот.