Локалната самоуправа денеска со соопштение реагираше на пренесувањето на ставовите на претстaвникот на Унијата на средношколци изнесени на прес конференција, што се одржа вчера.
За градоначалникот Петрески пренесувањето во медиумите на информацијата на ученичка која во име на Унијата на средношколци изнесе сомневања дека денешниот ден во Гимназијата Св. Климент Охридски ќе биде прогласен за неработен а учениците во партиска организација ќе патуваат на предизборни активности во Скопје е непрофесионален чин. Петрески им замерува на дел од медиумите што ставовите на како што се наведува во соопштениото „еден малолетен самонаречен претстaвник на Средношколската унија“ се претставени како главна вест, а ставовите на надлежните од Гимназијата биле маргинализирани.
Од пренесеното вчера единствено можеме да се согласиме со тоа дека „Никој и за никакви политички цели не смее да ги злоупотребува учениците“, се вели во реакцијата на градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески.
ohridnews