Во неа се потенцира дека за Светиклиментовата награда одлучува Комисијата за одбележување празници, манифестации и доделување награди и признанија која е формирана од Советот на општината и во која членуваат советници од повеќе политички партии. При тоа ,потсетуваат од Локалната самоуправа, комисијата за доделување на наградата е помошно тело на Советот на општината, а не на градоначалникот. Комисијата самостојно врши избор од пристигнатите апликации, е наведено во реакцијата.
Најавата на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ дека ќе ја бојкотира Свечената академија во чест на св.Климент Охридски- заштитникот на Охрид ја примивме како неодговорен чин со кој се потврдува дека ОК на ВМРО- ДПМНЕ од се прави политика и слепо ја слуша нивната партиска централа, велат од Локалната самоуправа.