Противпожарната служба на Грција го локализираше пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во непрооден дел, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина.
Според противпожарната служба, во гаснењето учествуваат 45 пожарникари со 11 возила и четири пешадиски тима, а повремено интервенираат четири авиони и два хеликоптери.
Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај претходно рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, но станува збор за шумски предел и манастирот не е во опасност.
OhridNews