По два дена постојана борба со огнената стихија, пожарот кај местото Јасика во близина на Косел и Опеница е локализиран.

Екипите од охридската Противпожарна служба, помогнати со вработени во јавни претпријатија од Охрид и регионот, авионите од Дирекцијата за заштита и спасување, се постојано на терен и ја следат ситуацијата.

Пожарот избувна саботата попладне, а зафатени се големи површини борова шума.

Чадот во Охрид можеше да се почувствува и во текот на минатата ноќ.