Промоцијата во нов прволигаш кошаркарите на АМАК СП ке ја имаат во Јане Сандански каде гостува тимот на Леов Ангели. По 11 кола АМАК има 11 победи.
Викендов започнуваа финалната серија за шампион во македонското кошаркарско првенстово. Лидерот Струмица битката за титулата против бранителот Раотнички на домашен терен во салата Парк ке ја отвори серијата подобар од седум .
Со полуфиналните натпревари Вардар ПРО – Металург, Пелистер – Младост денес започнува разврската во куп натпреварувањето. Ракометарите на Климент Охридски заостанатиот натпревар против Преспа го играат во сабота во Ресен .
Фенерџијата во Втората фудбалска лига Илинден во Велмеј ја пречекува струмичка Беласица, а Караорман бодови за опстанок ке брка на гостувањето против Маџари .
Дербито во првата мак-фудбалска лига на градски, помеѓу Вардар и Победа ќе го суди охриѓанецот Марјан Маркоски.