Финалната серија „подобар од пет“ од женскиот шампионат се сели во Охрид. Во оптимистичка атмосфера кошаркарките на „Билјана 006“ го очекуваат вториот натпревар од серијата во која Вигор – Скопје има 2-0 предност.

„Комплетни сме и подготвени да го совладаме Вигор и да ја одложиме прославата на титулата“ вели капитенот Весна Балазоска. „Некомплетни и десеткувани поради  вирус настапивме на првиот натпревар во Скопје, сега ситуацијата е подобрена и се надевам на триумф, ја поканувам публиката во што поголем број да дојде во салата“ додаде таа.

Третиот натпревар во серијата подобар од пет се игра во сабота во 17.00 часот во „Билјанини извори“

По обезбеденото враќање во елитата, кошаркарите на АМАК СП гостуваат на третоплсираниот Маврово. За натпреварот со Маврово тренерот Гацов нема да може да смета на повредените Војдан Стојановски и Цветниќ,а на ситна повреда се жали и Стефаноски. Неизвесно е до самиот крај кој ќе биде тимот кој покрај АМАК ќе се врати во елитата. На две кола пред крајот на Првата Б Лига, Маврово и Соколи имааат ист број бодови, но Соколи имаат предност во меѓусебниот дуел .

Снимката од дуелот Маврово – АМАК СП ќе може да ја гледате во понеделник во 21.00 (НТВ Охрид).

По направениот брејк на теренот во Градскиот Парк лидерот Струмица со 2-0 предност ја продолжува  финалната серија за шампион во македонското кошаркарско првенство. Нова победа струмичани ќе бркаат на домашен терен во недела од 17.30 (МТВ пренос).

РАКОМЕТ

Се` е јасно во македонското ракометно првенство. Вардар ја освои двојната круна, Металург, Пелистер и Преспа ќе играат во Европа, а лигата ја напушта Климент Охридски. Најинтересно во 25. коло се очекува да биде во Ресен каде Преспа го пречекува новиот шампион Вардар, Металург игра против Тиквеш, Пелистер против Младост, а охриѓани гостуваат во Прилеп на Тутунски комбинат.

ФУДБАЛ

Доста неизвесно до крајот на Втората фудбалска лига ќе биде борбата за опстанок каде 4 екипи се на 4 бодови разлика. Илинден гостува на Чаир на Слога Југомагнат .Во Струга, Караорман го пречекува Металург, а Беласица на домашен терен без публика ќе игра против Маџари. Неготински Вардар патува во Турново.
Слога Југомагнат     30     9     7     14     39     45     34
Караорман               30     10     3     17     34     48     33
Беласица ГЦ             30     8     7     15     32     58     31
Вардар Декамел       30     8     6     16     24     54     30
Илинден                   30     4     11     15     28     58     17
    

* 2 екипи директно испаѓаат а третопоследно пласираната екипа игра бараж со победниците од  петте региони.

На 4 кола пред крајот на првата мак фудбалска лига на врвот трите најдобро пласирани екипи ги делат само 3 бода. Во рамките на 30. коло Работнички гостува во Битола на Пелистер, а натпреварот ќе го суди охриѓанецот Марјан Ецкоски. Ќе му помагаат Неделкоски Драган и Чакарески Лазе. Дербито на колото се игра во Прилеп каде Победа ја пречекува Македонија Ѓ.П.


Работнички Кометал     29     18     8     3     69     20     62
Македонија Ѓ.П.             29     17     8     4     59     23     59
Победа                           29     17     8     4     63     40     59

М. Постолоски