Агенцијата за развој на туризмот ќе иницира формирање на Локален туристички совет во Охрид кој ќе има за цел решавање на проблемите во оваа сфера директно од најзасегнатите чинители во заедницата.
-Да се донесат странски туристи треба голем напор, а да се избркаат е лесно. Формирањето на едно вакво тело ќе има за цел да ги решава проблемите во туризмот на локално ниво, вели директорот на Агенцијата за развој на туризмот.
Еден од проблемите со кои често се соoчува Охрид е покачувањето на цените, што според Стрезоски е прашање кое исклучиво може да се регулира пазарно.
– Со зголемување на бројот на странските туристи поготово во Охрид не само одредени хотелиери, туку и рестораните, превозниците, ќе ги покачат цените на услугите. Во услови на пазарна економија ние можеме само да ја зголемиме конкуренцијата, и се надевам дека продажба на државното земјиште за изградба на хотели ќе вроди со плод, бидејќи конкуренцијата ќе ги намали цените и ќе го зголеми квалитетот на услугите, смета Стрезоски.
Дебелината претставува глобален предизвик кој ги погодува сите слоеви на општеството, без разлика на полот, возраста, социјалниот статус или населеното место Во Северна Македонија, како и ширум све...
После четири распродадени сали во Скопје, време е за ново поглавје! Тино и Атанас со својот уникатен хумор на прва голема турнеја на „(НАТ)ПРОСЕЧЕН МАКЕДОНЕЦ“ низ 10 градови во Македонија Охридскат...
Поради добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од Република Косово, спротивно на одредбите од Правилникот за посебните барања за безбедност...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.