Фудбалската федерација на Јужна Америка, донесе одлука да го одлижи континеталното првенство, познато како Копа Америка. Првенството на Јужна Америка наместо ова ќе се игра наредното лето.
Иако во Јужна Америка ситуацијата со корнавирусот не е како во Европа, сепак челниците на КОНМЕНБОЛ не сакаат да ризикуваат бидејќи најголем дел од репрезентативците на државите од Јужна Америка фудбалскиот леб го печалат во Европа.
Наредното лето домаќини ќе бидат Аргентина и Колумбија. Бранител на титулата ќе биде селекцијата на Бразил.
OhridNews