Селекцијата на Холандија забележа минимална победа на стартот од Лигата на Нации совладувајќи ја репрезентација на Полска со 1-0, додека Италија – Босна и Херцеговина ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1.

Стрелец на погодок вреден три бодови за „лалињата“ беше Стивен Бергвин во 61-та минута од натпреварот. На дуелот помеѓу Италија и БиХ водство имаше гостинскиот состав со голот на Един Џеко. Домаќините израмнија со голот на Сенси.

Резултати:

Лига А

Италија – БиХ 1-1

Холандија – Полска 1-0

Лига Б 

Норвешка – Австрија 1-2

Романија – Северна Ирска 1-1

Словачка – Чешка 1-3

Шкотска – Изрел 1-1

Лига Ц

Латвија – Казакстан 0-2

Белорусија – Албанија 0-2