Лајнс Клуб “Охрид” од Охрид, деновиве во Кадмо Бар, го прослави својот роденден со што заокружи уште една успешна година, исполента со низа хуманитарни настани, концерти и донации, во организација на членовите потпомогнати од голем број на хумани граѓани, информираат од клубот.
На прославата традиционално беше доделена и наградата “Горна Порта” која се врачува на најзаслужиот охриѓанец кој го промовирал Охрид во државава и надвор од неа. Оваа година наградата ја прими доајенот на маратонското пливање, таткото на охридскиот мартон, професорот и тренер Александар Леко Радич.
За време на церемонијата досегашниот претседател Климе Шешоски му ја предаде функцијата на идниот претседател Сашо Вучетиќ, кој најави уште поголема афирмација на клубот преку хуманитарни настани и активности.
OhridNews