Четврта година по ред на иницијатива на лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид, а во соработка со туристи од Полска кои и оваа сезона во голем број престојуваат во нашата земја, деновиве се реализираше еко акција за чистење на отпад на планината Галичица.
Одушевени од планината и од глетките, туристите од Полска со задоволство помагаат во акцијата.
Покрај останатите активности, полските туристи имаат и тура за Битола преку Галичица и Преспа. Програмата предвидува пешачење по асфалтниот пат кој води преку Галичица, каде полските туристи и лајансите од „Лихнидос“ собраа поголема количина најразличен цврст отпад расфрлан покрај коловозот.
OhridNews