Лајанс клубот „Десарети“ од Охрид, во текот на вчерашниот ден на Општата Болница во Охрид и донираше 4 вентили за кислород, наменети за апаратите неопходни во борбата со Ковид 19.

Со помош на неколку фирми обезбедена е вредната донација. За само два дена беа набавени и доставени потребните вентили за кислородни боци со сите пропратни елементи. Ваквата опрема е повеќе од потребна во овие лоши времиња за целото човештво. – истакнаа од ЛК „Десарети“.

Клубот акцијата ја посвети на големиот хуманист, лекар, уметник, Човек и еден од основачите на лајонизмот во Охрид, но и пошироко,  Драган Спасески-Охридски, кој прерано замина во вечноста.

Од ЛК „Десарети“ апелираат до сите институции, организации, деловни субјекти и поедници да се солидаризираат и да им помагаат на здравствените работници.

OhridNews