Новиот производ на компанијата „Лолифил“ сигурно ќе ги израдува љубителите на пиво, бидејќи овој произведувач на слатки од Остин, Тексас, произвел лижавчиња со вкус на пиво. Со тркалезен облик, овие лижавчиња за возрасни се продаваат со вкус на три различни видови пиво.
Според медиумите во Њујорк, ова не е прва ваква необична идеја на компанијата, која на пазарот веќе понудила лижавчиња со вкус на вина и лижавчиња со вкус на амарето и бурбон. Не се заборавени ниту најмладите за кои „Лолифил“ креирал специјални лижавчиња со вкус на мајчино млеко.