Од центарот за упавување со кризи информираат дека одронот бил со ширина од 150 до 200 метри, а висина од околу 2 метра. Стотина жители на Вевчани преземале мерки за заштита на просторот, а вклучена е и машина за расчистување на надојдениот материјал. Забележано е движење на голема количина на вода, кал, камења и друг материјал.
Со наносите се загрозени два станбени објекта, а постои опасност од загрозување и на Здравствениот дом. Регионалниот центар за управување со кризи од Струга ги извести службите во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување во Струга за навремено преземање соодветни мерки за справување со состојбата.