Канадскиот бренд “DSquared2” лансирал нова линија обувки за жени кои сакаат да ризикуваат, односно лизгалки со вртоглаво високи потпетици. Овој нов моден крик бил направен од кожа и имал потпетица висока 10 сантиметри, и секако не бил за оне кои едвај одржуваат рамнотежа на мразот во нормални лизгалки.
Посебно е тоа што оваа екстравагандна обувка не е ниту малку пристапна. Најефтините чинат 891, а најскапите 1497 долари. Многумина предвидуваат дека на овој моден предизвик нема да можат да му одолеат светските ѕвезди како Лејди Гага и Викторија Бекам.