Оваа недела, 9 февруари, на иницијатива на тренерите и децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, а со поддршка на ЈП „Билјанини Извори“, на лизгалиштето на мраз поставено на Кеј „Македонија“, ќе се одржи хуманитарен настан за помош во лекувањето на нашата сограѓанка, деветгодишната Сандра Ническа.
Во периодот од 12-17 часот сите средства собрани од изнајмувањето на лизгалките и користењето на лизгалиштето како и средствата собрани во собирни каси на Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за помош на Сандра.
Ги повикуваме сите граѓани во што поголем број да го искористат најавеното сончево време во недела и да дојдат да уживаат во лизгањето и дружењето и воедно да ја покажат својата хуманост.
OhridNews