Екипата на Ливерпул остана без еден од најмаркатните поддржувачи откако, вчера, на 78-годишна возраст почина изведувачот на легендарната нумера „You’ll never walk alone”, Гери Мардсен.

Со големата тага ја примивме информацијата за смртта на Мардсен. Тој беше и секогаш ќе биде дел од историјата на клубот. Никогаш нема да бидеш сам! – стои во соопштението од Ливерпул.

Пред секој натпревар на „Енфилд“, навивачите во еден глас ја пеат легендарната песна You’ll never walk alone” која е синоним за верност и љубов кон клубот.

OhridNews