Екипата на Ливерпул го претрпе шестиот последователен пораз на „Енфилд“, губејќи од Фулам со минимални 1-0, во рамките од Премиер лигата. „Црвените“ никогаш претходно во клупската историја немале ваков лош учинок, што резултира со голем пад на табелата.

Навивачите воопшто не се загрижени за падот во формата и лошите резултати, туку почнаа акција за собирање на финансиски средства за трансфер на Килијан Мбапе. Навивачите формираа движење и секој поддржувач доброволно може да донира средства. До сега, собрани се 2 300 фунти, а цената на трансфер пазарот на Мбапе изнесува 180 милиони фунти.

Се уште од клубот не се изјаснале за ваквиот потег на навивачите, но јасно е дека клубот и навивачите не се моментално на иста бранова должина. До крајот на сезоната, „црвените“ мора брзо да се екипираат и да се вратат на победничките патеки, за и следната натпреварувачка година да играат во Лигата на Шампиони.

OhridNews