Португалските екипи Спортинг и Бенфика извлекоа супер позитивни резултати во средбите со Ливерпул и Фиорентина и покажаа дека воопшто не заостануваат од најдобрите фудбалски колективи во Европа. Во рамките од Интернационалниот куп на шампиони, Спортинг ремизираше 2-2 со Ливерпул, додека Бенфика со 2-1 славеше во дуелот со Фиорентина.

Трансфер таргетот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш во 5-та минута го отвори резултатот и донесе предност за Спортинг. „Црвените“ со головите на Дивок Ориги и Жоржи Вајналдум до крајот на првиот дел го свртија резултатот во своја полза. Во 54-та минута Вендел погоди за 2-2 и до финошот резултатот остана не променат.

Бенфика со погодокот на Kајо во 90-та минута обезбеди победа (2-1) над Бенфика. Португалците во 9-та минута стигнаа до предност преку Сеферовиќ, а резултатот го изедначи Душан Влаховиќ.

 

OhridNews