Премиерлигашот Ливерпул е заинтересиран за трансфер на играчот од средниот ред на Порто, Луис Дијаз Маруланда оваа зима. Англискиот клуб доставил понуда од 70 милиони евра, пренесува „LFC Transfer Room“.

Сепак, Порто сака да го продаде Колумбиецот за 80 милиони, искористувајќи го фактот што ривали на „црвените“ во борбата за фудбалерот се Манчестер Jунајтед и Њукасл.

Претходно, медиумите во Португалија веќе пишуваа дека Ливерпул е блиску до купување на Дијаз.

OhridNews