Ливерпул остана во трка за титулата
Њукасл, 30 април 2022 (МИА) – Фудбалерите на Ливерпул забележаа попладнево исклучително важна победа (1-0) на гостувањето кај Њукасл и привремено го презедоа првото место на табелата во Премиер лигата.
Голот вреден три бодови го постигна Наби Кеита во 19 минута на асистенција на Диего Жота. Фудбалерите на Њукасл бараа фаул во напад, но главниот судија Андре Маринер по кратка проверка само го потврди водството на Ливерпул.
Со оваа победа Ливерпул го презеде водечкото место со 82 бодови, два повеќе од Манчестер сити, кој вечерва му гостува на Лидс.