Расчистувањето на Џон Стоунс од гол линијата пред голот на „граѓаните“ беше една работите кои го одбележаа дербито на сезоната помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул во Премиер лигата.

Во 17-та минута, Мане биеше во стативата, а Стоунс во избивањето го погоди голманот Едерсон. Одбиената топка беше на пат кон мрежата, но дефанзивецот спречи погодок со лизгачки старт. Педатните англичани измерија дека топката гол линија не ја поминал за 1.1 сантиметар.

Обемот на топката изнесува од 68 до 70 сантиметри, што значи Ливерпул за „влакно“ не постигна водечки погодокот на Етихад. Затоа можеме само да претпоставиме како ќе се одвиваше дербито ако Ливерпул прв поведеше. Манчестер Сити славеше со 2-1 и ја врати неизвесноста во битката за титулата.

OhridNews