Исходот од ждрепката за 1/4 финалните натпревари во Лига купот беше поволен за фаворитите но еден проблем може комплетно да го фрли во сенка натпреварувањето кое англичаните на секој начин се трудат да го афирмираат.
Првичниот термин за одигрувањето на четвртфиналните натпревари е викендот на 17/18 ноември а тогаш Ливерпул како актуелен европски првак ќе биде дел од Светското клупско првенство кое се одржува во Катар. Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп изјави дека клубот нема да игра против Астон Вила на Енфилд во Лига купот ако организаторите не го променат терминот кој се поклопува со Светското клупско првенство.
- ФИФА ни кажува дека мора да одиме на првенството а Премиер лигата притиска да го одиграме мечот во Лига купот и тоа за нас претставува голем проблем. Но ние не се грижиме. Ако нас не ни понудат друг термин нема да играме. Едноставно е, тие се организатори и мораат да најдат решение. Од напред го имаат цел календар направено а знаат дека ќе играме во Катар. – изјави револтирано Клоп.
Ливерпул тогаш го очекува вистински пеколен распоред. „Црвените“ од 23 ноември до 29 декември ќе одиграат вкупно 11 натпревари во сите конкуренции.
OhridNews