Водечката екипа во Премиер лигата, Ливерпул ремизираше со Лестер (1-1) на домашен терен и не го искористи поклонот од Њукалс кој синоќа го совлада Манчестер Сити пред своите гледачи. „Црвените“ за еден бод ја зголемија предноста, но со победа ќе ја вратеа разликата која ја имаа пред боксинг деј.

Избраниците на Јирген Клоп уште во втората минута поведоа со погодокот на Садио Мане и наговестија атак на целиот плен. „Лисиците“ стрпливо ја чекаа својата шанса, а нивните пет минути дојдоа пред крајот на првиот дел, кога и го постигнаа изедначувачкиот погодок преку Хери Мегвајер. Резултатот во второто полувреме не се промени и Ливерпул прв пат сезонава на домашен терен не успеа да победи.

Ремито на Енфлид не беше изненадување на вечерта, бидејќи Бурнмаут пред своите гледачи го преслуша Челси победувајќи го (4-0). „Сините“ ја изгубија четвртата позиција на табелата, а не им помогна ниту Гонзало Игуаин кој играше 65 минути.

Резултати: Бурнмаут – Челси 4-0, Саутемптон – Кристал Палас 1-1, Ливерпул – Лестер 1-1, Тотенхем – Ватфорд 2-1.

Табела: Ливерпул 61, Мен Сити 56, Тотенхем 54, Арсенал 47, Челси 45, Мен Ју 45…

OhridNews