Ливерпул лесно мина во Ајндховен совладувајќи го домаќниот ПСВ со 3:0 со головите на Џерард,  Рисе и Крауч, па така шампионот од 2005 со една нога е во полуфиналето. Машка работа заврши и Баерн кој на гостувањето во Италија ремизираше 2:2  со Милан. Домаќините два пати водеа, а Баерн се враќаше во игра. Баварците вториот гол го постигнаа во 93 минута. Преостанатите два четвртфинални натпревари на програмата се вечерва.

РОМА-МАНЧЕСТЕР

Ќе врие вечерва “Олимпико“ во Рим, волчицата го пречекува можеби идните освојувачи на шампионската лига – црвените ѓаволи од Манчестер. Натпреварот својот почеток го имаше минатата  недела со вербалните дуели на актерите преку насловните страници на весниците во Италија и Англија.

Менаџерот на Манчестер Фергусон заборави да го спомене Тоти како можна закана за неговиот тим,на што Римскиот принц се закани дека ќе се потруди сер Алекс добро да го запамети неговото име. Покрај ова спектаклот го најавува и формата на двата тима,која ја демострираат во националните првенства.Манчестер викендов со пресврт го порази Блекбурн за одржување на лидерската позиција во Англија, додека Рома одигра прекрасно дерби со Милан.


кој кого ќе “слика“ вечерва-Тоти

Алекс Фергусон менаџерот на Манчестер пред натпреварот има сериозни проблеми да ја состави одбраната. Српскиот дефанзивец Видиќ на мечот со Блекбурн заработи скршеница на клучната коска,ќе паузира четири недели. Пред него се повреди и капитенот Гери Невил, додека одпоодамна надвор од тимот е Микаел Силвестр.За сер Алекс не е розова ниту ситуацијата со напаѓачите.


Манчестер е во одлична форма

Од друга страна тренерот на Римјаните Лучијано Спалети со умерен оптимизам гледа на двомечот со Јунајтед. Ваквиот оптимизам е логичен бидејќи Рома во предходната фаза го елиминира Олимпик Лион, а Франческо Тоти игра во врвна форма.Капитенот на Рома најави дека по освојувањето на Светската титула со “Азурите“ ќе тргне по конечната победа во ЛШ по што со мирна душа ќе може да се пензионира.Рома за првиот дуел е комплетна.

ЧЕЛЗИ-ВАЛЕНСИЈА

Еден од моментите на вистина за Морињо и неговите избраници,титулата во превенството е се подалечна,а онаа во ЛШ е толку посакувана.Пред натпреварот на сините од “Стенфорд Бриџ“ и лилјаците од “Местаља“ тешко е да се прогнозира конечниот победник,можеби Валенсија има минорна предност поради фактот што реваншот го игра на домашен терен.


Можат ли конечно до финале? – Челзи 

Жозе Мурињо кој во текот на изминатат недела влезе во отворен судир со сопственикот на клубот Роман Абрамович затоа што овој не му дава пари за нови засилувања тимот кој ќе и се спротистави на Валенсија ќе го состави без Аријан Робен,но можно е враќање на Џо Кол кој последен пат настапи уште во ноември минатата година.

Кике Санчез Флорес првиот стручњак на двојниот финалист во ЛШ на “Стенфорд Бриџ“ ќе истрча без Фернандо Мориентес,напаѓачот се повреди настапувајќи за репрезентацијата на Шпанија. Посебен мотив на средбата ќе има Давид Виља,малиот напаѓач пред Лондонскат публиката  ќе се обиде да докаже дека Ливерпул е во право кога не прашува за неговата цена.
Натпреварите Рома-Манчестер Јунајтед и Челзи-Валенсија започнуваат во 20 часот и 45 минути.

        Ненад Цветанов