Екипата на Ливерпул остана во игра за пласман во четирите најдобри екипи на табелата во Премиер лигата, совладувајќи го Вест Бромвич Албион со 2-1, во 36-та рунда од шампионатот.

Таличен за „црвените“ од Ливерпул на гостувањето во Бирмингем беше голманот Алисон Бекер, кој постигна епски погодок за победа. Бразилскиот голман со глава во петтата минута од судиското продолжение ја погоди мрежата на ривалот и донесе значајна победа за Ливерпул. Претходно, домаќините поведоа со голот на Робсон Кану, а резултатот го изедначи Мо Салах.

Ливерпул како петтопласиран во завршните две битки ќе води борба со Челси, кој има бод помалку. Третопласиран е Лестер со два повеќе од лондонските „сини“, додека екипите од Манчестер се сигурни на првите две позиции.

OhridNews