Водечкиот тим во Премиер лигата е подготвен да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез (25) бидејќи не се вклопува во фудбалската филозофија на тренерот Арне Слот, објавија денеска британските медиуми. Иако ги чинеше 100 милиони евра во 2022 година (со бонуси) кога пристигна од Бенфика, управата на „црвените“ би била задоволна доколку некој им понуди 60 милиони евра за Нуњез, чиј договор е до летото 2028 година, истакнуваат британските медиуми.
Слот го презеде тимот ова лето по заминувањето на легендарниот тренер Јирген Клоп. Нуњез го користеше на 24 натпревари на кои одигра 1259 минути, постигна четири гола и асистираше за три гола. Тој не е стандарден првотимец, но повремено почнува од клупата.
Меќу заинтересираните за Нуњез е Њукасл, но клубот наводно ќе размислува само за Уругваецот на крајот од сезоната.
OhridNews