Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа најубедливата победа во некомплетната прва рунда во Премиер лигата совладувајќи го Вест Хем со 4-0 на легендарниот стадион „Енфилд.

Избраниците на германскиот стручњак Јирген Клоп одиграа маестрален натпревар, а четири голови се најдобар показател за надмоќноста на теренот. Првиот гол за Ливерпул во новата сезона го постигна Мо Салах, а два потоа реализираше Садио Мане. Печат на победата стави Даниел Стариџ.

Во истиот термин со Ливерпул и Вест Хем се одигра мечот помеѓу Саутемптон и Барнли кој заврши без победник (0-0).

Првото коло во најсилната англиска лига ќе се комплетира со дербито на „Емирати“ помеѓу Арсенал и Манчестер Сити.

OhridNews