Англискиот премиерлигаш Ливерпул е новиот владетел во светскиот фудбал. „Црвените“, после титулата во најеминетното клупско натпреварува во Европа Лигата на Шампиони го освоија трофејот на Светското клупско првенство кое изминативе денови се одржуваше во Катар.

Во финалето од Светското клупско првенство, Ливерпул го совлада бразилскиот Фламенго после дополнителни триесет минути 1-0, откако регуларниот дел од натпреварот заврши без голови 0-0. Човек на одлука во финалето беше Бразилецот Роберто Фирмино. Популарниот „Боби“ единствениот погодок го постигна во осмата минута од првото продолжение.

Ливерпул со победата и освојување на титулата ја продолжи европска доминација на Светското клупско првенство. Европски клуб победува од 2013 година наваму. Последен клуб кој изгубил во финалето е Челси. Лондонските сини пораз претрпеа од Коринтијанс.

OhridNews