Екипата на Ливерпул е нов шампион во англиската Премиер лига. „Црвените“ од Енфилд, вечерва, математички ја осигураа титулата откако Манчестер Сити изгуби од Челси (2-1) во дербито на „Стемфорд Бриџ“.

Ливерпул со освојувањето на титулата стави точка на негативната серија во Премиер лигата долга три децении. Чекањето заврши и навивачите на „црвените“ ширум светот заслужено ја слават 19-та титула од националниот шампион во клупската историја.

Во преостанатите седум рунди од Премиер лигата ќе се води битка за ТОП 4 местата на табелата и опстанок во англиското елитно фудбалско друштво.

OhridNews