Ливерпул го освои англискиот супер куп, откако во пресметката со големиот ривал Maнчестер Сити славеше со 3:1, за шеснаесетти трофеј во Комјунити шилд, прв по 2006 година.
Ливерпул поведе во 21 минута со прекрасниот гол на Тренд Александар Арнолд. Сити имаше свои шанси, пред се преку Халанд, кој немаше свој ден.
Во вториот дел Ливерпул ја контролираше играта, но Сити сепак успеа конечно да реализира една од своите шанси во 70 минута преку Алварез кој донесе изразмнување. Тогаш на сцена стапи најголемото засилување на Ливерпул ова лето Дарвин Нуњез. Најпрвин изнуди пенал кој во водство од 2:1 го претвори Салах, а во судиското надополнување со првенецот во официјалните средби во дресот на тимот од „Енфилд“ ги постави конечните 3:1.
Г.М.