Напаѓачот на Ливерпул, Фернандо Торес поради повреда на бутниот
мускул би можел да го пропушти градското дерби со Евертон, кое на
програмата е на 17 октомври.
Торес поради повреда по само девет минути го напушти натпреварот со
Блекпул, во кој новиот премиерлигаш на „Енфилд“ победи со 1:2.
Повредата на бутниот мускул ќе го оддалечи Торес и од
репрезентацијата на Шпанија и квалификациските натпревари со Литванија и
Шкотска.
Поради слична повреда, со која се здоби за време на финалниот
натпревар на СП, шпанскиот напаѓач го пропушти стартот од сезоната во
Премиер лигата.
Ohridnews