Напаѓачот на англискиот прволигаш Ливерпул, Луис Дијаз, ќе мора подолго време да отсуствува од фудбалскиот терен поради повреда на коленото, објавија денеска британските медиуми.
Според истите извори, колумбискиот репрезентативец ќе паузира до крајот на Светското првенство во Катар, кое е на програмата од 20 ноември до 18 декември.
Дијаз се повреди во првото полувреме на првенствениот натпревар изминатиот викенд против Арсенал (2-3) кога стадионот „Емирејтс“ мораше да го напушти на патерици со бандажирана нога.
Деталните лекарски прегледи констатираа дека 25-годишниот фудбалер нема да мора да го оперира коленото, но рехаблизитрацијата ќе трае долго и ќе ги пропушти следните десет натпревари на Ливерпул.
OhridNews
Фото: Скриншот Јутуб