Охридскиот ракометен клуб ги доби противниците за новата сезона во Супер лигата. „Гладијаторите“ во ждрепката се најдоа во групата А заедно со „езерскиот“ ривал Струга, Пролет, Радовиш и трите дебитанти во елитното друштво Јуниор КВ, Астраион Хендбал, Голден Арт КЛ7.
Годинава Супер лигата ќе биде во нов и проширен формат. Во регуларниот дел од Супер лигата ќе учествуваат 14 екипи, а не 10 како претходно. Екипите ќе бидат поделени во две групи по седум учесници. Првите три од двете групи заедно со Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат во плејофот, додека останатите ќе разигруваат за опстанок во Супер лигата.
Новата сезона во македонскиот ракометен шампион ќе започне на 12/13 септември. На стартот од сезоната мечевите ќе се играат без публика, а потоа се ќе зависи од ситуацијата со коронавирусот.
Група А:
1. Струга
2. Јуниор КВ
3. Астраион Хендбал
4. Голден Арт КЛ7
5. Охрид
6. Радовиш
7. Пролет
Група Б:
1. Прилеп
2. Металург
3. Работнички
4. Младост Богданци
5. Тиквеш 2014
6. Бутел Скопје
7.Еурофарм Пелистер 2
OhridNews