Без голови и без победник заврши дерби пресметка помеѓу Гостивар – Охрид во првата рунда од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.

„Рибарите“ иако во Гостивар допатуваа без двајца првотимци и неколку повредени фудбалери, одиграа маестрален натпревар и храбро му се спротиставија на аспирантот за висок пласман во Втората лига, Гостивар.

Првите две прилики за погодок на стартот ги имаше охридскиот состав. Два пати во шанса се најде левиот бек Фатмир Ариф, но домашниот голман Јованоски со добри и сигурни интервенции не дозволи погодок.

Гостиварчани се заканаа преку Иван Настевски, кој после една соло акција биеше во рамките од голот, а на место беше охридската единица Николче Симоновски.

Стрпливата игра на охриѓани им даде прилика да направат уште неколку шанси за отворање на резултатот. Љупче Трпески не ја зафати најдоброто топката со глава после скратен корнер. Во финишот се закани и Алији, но неговиот удар од блокот заврши во корнер.

На стартот од вториот дел Гостивар го пристисна Охрид. Домаќините креира неколку прилики за погодок. Најистурениот фудбалер кај домаќините Кировски биеше со глава, но Симоновски со рефлексна интервенција ја одбрани топката која заврши во корнер. Кировски пак се се најде во шанса, но неговиот удар заврши над голот.

Гостивар продолжи со иницијатава, но охриѓани го оставија срцето на терен не дозволувајќи ниту едно возбудување пред нивниот гол. На крајот Охрид бодот си го заслужи и најави дека ќе игра една од главните улоги сезонава во Втората лига.

Во следната втора рунда, Охрид на домашен терен ја пречекува Велешта.

Гостивар: Јованоски, Реџепи, Лимани, Кировски, Есати, Дервиши, Стојковски, Љамчевски, Настевски, Белули, Зеќири

Охрид: Симоновски, Ариф (90` Новичиќ), Трпески, Цуцули, Лекоски, Вељаноски, Ристески, Маркоски, Алији, Ѓорѓиески 86` Бакулески), Дишлиески (69` Мерсовски).

OhridNews