Фудбалерите на Охрид претрпеа минимален пораз на гостувањето во Кадино, откако изгубија со минимални 1-0 (1-0) во седмата рунда рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.

За „рибарите“ ова е прв пораз на гостински терен после три нерешени средби во серија, иначе втор во досегашниот шампионат.

Домаќините се заканаа уште во 6-та минута преку Борис Јаќимовски кој биеше над голот. Офанзивната игра продолжи на двете страни. Кадино нешто подобрата игра ја круниса со погодокот во 20-та минута од белата точка. Прецизен егзекутор на најстрогата казна беше Кристијан Ивановски.

„Рибарите“ играчки брзо се консолидираа од негативата и почнаа да го притискаат ривалот. Најблиску до изедначувачки погодок Охрид беше во 30-та минута после слободниот удар на Бурхан Алији. Фудбалерот од средниот биеше прецизно, а домашниот голман Стефан Јакимовски со помош на стативата ја скроти топката.

Почетната иницијатива во второто полувреме на Охрид резултираше со две шанси и одбрани на Јакимоски. Виктор Наумоски и Шериф Реџепи се заканаа, но не ја погодија целта.

Охридските „сино-бели“ продолжија со нападите. Левиот бек на Охрид Ариф два пати биеше со глава над голот, додека „зицер“ шансата на Реџепи ја одбрани Јакимовски.

Во судиското продолжение од пет минути Охрид не успеа да се закани и да постигне погодок со кој ќе избегнеше пораз.

Во следната осма рунда Охрид гостува во Дебар кај тимот на Кораб

Состави:

Кадино: Јакимоски, Митревски, Јаќимоски, Спасовски, Димков, Благојевски, Ивановски, Масевски, Андоновски, Колески, Ајдини

Охрид: Симоновски, Вељаноски, Лекоски, Цуцули, Трпески, Ариф, Ристески, Ѓорѓиески, Алији, Кочоски, Дишлиевски

OhridNews