Кошаркарскиот клуб АВ Охрид, денеска, со почеток во 18 часот против составот на Блокотехна на домашен терен ќе ја брка втората победа во Супер лигата.
Дебитантите во суперлигашкото друштво имаа идентичен скор (1-1) после две одиграни средби во Супер лигата, но Блокотехна која два пати го совлада АВ Охрид во регуларниот дел од сезоната заврши на втората позиција со далеку подобар учинок.
Охридските кошаркари на крилата од победата во Куманово најавуваат борба за секој топка на теренот, а поддршка од публиката ќе им повеќе од потребна.
За сите кои немаат можност да дојдат во СРЦ „Билјанини Извори“ натпреварот можат да го проследат во живо на ју-тјуб каналот од Ohrid News.
OhridNews