Кошаркарскиот клуб АВ Охрид, денеска, со почеток во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во петтата рунда од Супер лигата силите ќе ги одмери со МЗТ Скопје.

„Штрковите“ во Охрид ќе ги лекуваат раните после високиот пораз од Работнички во „вечното“ дерби, додека охридските кошаркари најавуваат борба до последен здив во дуелот со актуелниот шампион на Македонија.  

Во првата фаза од првенството МЗТ Скопје два пати славеше против АВ Охрид, но оваа нивна прва меѓусебна пресметка во Супер лигата. Натпреварот почнува во 18 часот, а преносот во живо десеттина минути порано на Ohrid News.

OhridNews