Водечката и непоразената екипа во македонска кошарка, Работнички е прв ривал на охридските кошаркари во дебатанскиот настап во Супер лигата.
Мечот во Охрид ќе биде трета среќа за „галебите“, кои во двата претходните натпревари претрпеа порази од кошаркарите на Работнички.
Со натпреварот во СРЦ „Билјанини Извори“ кој ќе започне во 17 часот ќе се комплетира првата рунда која започна вчера со мечевите помеѓу МЗТ Скопје – Куманово (81-79) односно Гостивар – Блокотехна (70-80).
Преносот во живо на ју-тјуб каналот на Ohrid News ќе стартува пет минути пред официјалниот почетокот на натпреварот.
OhridNews