Кошаркарите на АВ Охрид, денеска, против Гостивар со почеток во 18 часот ќе го одиграат последниот меч на домашен терен во рамките од Супер лигата.

„Галебите“ посакуваат со победа да се простат од поддржувачите во „Билјанини Извори“, кои имаат голем удел во успесите оваа сезона.

Натпреварот во СРЦ Билјанини Извори ќе започне во 18 часот, а преносот во живо на Ohrid News десеттина минути порано.

OhridNews